Jovan Dimovski

1928 - 1996

(1928-1996) Зазема значајно место во македон-ската современа ликовна уметност како ликовен уметник и критичар. Роден е во Битола, 1928 год. Завршува Академија за применета уметност во Белград, во 1953год. (отсек Декоративно сликарство), во класите на познатите професори Васа По-моришац и Винко Грдан. Тој припаѓа на првите повоени генерации ликовни уметници кои се вклучу-ваат во процесот на осовременување на ликовниот израз, притоа задржувајќи ја длабоката приврзаност кон тлото од кое потекнува и наоѓајќи секогаш инспиративни поттици (по содржинска определба и стилска изразност) во македонското културно наследство. По дипломирањето станува член на ДЛУМ. Се вклучува во ликовниот живот на Македонија и е присутен на сите изложби, распнат на релација Битола -Скопје - Белград. Одлучувачки момент за неговото творештво претставува работата со Здравко Блажиќ, на конзервација на фрески и икони во повеќе македонски цркви и манастири, кога ги согледува вредностите на нашето средновековнокултурно наследство. Работи како ликовен педагог, графички илустратор, сценограф и најповеќе како слободен уметник. Организира изложби од 1952 год. во Битола, а потоа Скопје, Белград и странство. Учествува на изложбите на ДЛУМ, а од 1955 г. и со ликовната група ВДИСТ, како нејзин член. Од 1971год. членува и во белградската ликовна група СИНГИАРТ со други 6 сликари истомисленици, кои инспирација бараат во културното наследство. Во текот на своето творештво, Димовски минува низ еден доста хетероген стилски развој. Започнува со стилизиран реализам, со многу декоративни елементи, со примери од народната орнаментика (особено изворната керамика) и македонскиот фолклор. Потоа преку специфичен експресионизам се доближува до асоцијативната апстракција, во чија основа се природата и нејзините феномени. Почетните дела се поврзани со македонскиот природен предел, со Старата битолска чаршија, со мртви природи... многу блиски на постимпресионизмот, а подоцна применува стилизација, упростување на форми, прифаќање декоративни елементи со контурно врамување на истите. Веќе подоцна, во почетокот на 7. деценија во циклусот „Македонска рапсодија“ се доближува до асоцијативната апстракција. Во ист духги работи и сцените од катастрофалниот земјотрес во Скопје како сопствено доживување на ужасот, со внесување на симболичен израз и енформелни решенија. Со неговите самостојни изложби и учеството на голем број групни во земјата и странство, како и со големиот број награди и признанија, Димовски обезбеди значајно место во историјата на македонското сликарство. Неговите дела се наоѓаат ширум светот, а за своите креации добитник е на голем број награди, признанија, дипломи и пофалби.